еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеничката Костадиновска која гласаше во скафандер порача: Се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишете дека ќе одам затвор, и дека „готова сум”

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, болна од Ковид-19, која вчера во скафандер гласаше во Собранието, се огласи на нејзиниот Фејсбук-профил во врска со овој чин и сите навреди и клетви кои ги претрпела.

„Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ, Левица, рекетари, „новинари”, „лечени” новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, пцујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината, а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни „експерти” кои не го владеат MS Word: не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е…

Ама ако…се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишите дека ќе одам затвор, и дека „готова сум”!

А најсочните коментари ќе си ги задржам за себе, за да еден ден се потсетам каква никогаш не смеам да бидам! Ни под разно!

Вие од зад граница – со вас ќе дебатирам кога ќе се вратите тука, дома, ќе плаќате данок како мене, ќе плаќате сметки, сами ќе си ги подмирувате трошоците и ќе гледате фамилија тука!

Јас денес, по советување со инфектолог, одчучив дека треба да одам да гласам за да се ослободи петтиот пакет мерки од рацете на тие кои се корзираат до ск а не влегуваат на работа!

И во овие 8 месеци како пратеник се прашував: како е можно доброволни да орифатиш да си народен пратеник а да не сакаш да функционира институцијата каде си избран од народот?!?? За кој?? За доброто на граѓаните!!! Како е можно да се блокира работата заради болни пратеници?? Значи, не дека некој од хир не доаѓал, туку од болест!!!

Апелирам – едноставно – да не се лажи безобразно!!! Ниту со колегата шетавме низ Собрание, ниту бевме таму за кафе! Во Собрание се работи, не се оди за кафе и шетање! ГТЦ е во близина, кој сака да шета нека изволи!

Да не ве лаже колегата Мицевски, не шетавме низ Собрание, а најмалку изложивме некој колега од службите или колега пратеник! Без гајле, помина времето кога пратениците меѓу себе не си веруваа и си штетеа еден на друг!

Упатете ги вашите отрови кај пратениците кои во еден месец се на работа не повеќе од 15 минути! Тие некако не ви сметаат дека ви ги јадат парите за Џ?!?!?

Еден збор за колешките пратенички од опозицијата: наместо да мудрувате на социјалните мрежи, можевте да застанете на страната на граѓаните и да гласате! Наместо да ми попувате месеци уназад дека треба ние жените да се издигнеме над партијата, вие останувате заробени во инаетот, суетата и партиските парадигми!

Ниту еден безобразен збор, клетва, „добронамерна” желба нема да ме поколеба да го работам она за што сум избрана – помош за граѓаните!!!!! Џабе ви е секој лош збор кон мене! Или ајде вака: и на главче!!

П.с. Некако не колневте кога Грујо and co. фрлаа пратеници од Собрание за да се изгласа Скопје 2014???? Дека „немавме за леб, а трошевме за чоколадо“?

Ако ако и пак ако!!! Застанувам на страната на граѓаните сега и секогаш!!! И за крај, следете ми го профилот како денес, ќе се запознаете со сите мерки кои ги пружа Владата за помош на граѓаните,“ напиша таа синоќа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Гласањето во скафандери во македонскиот Собрание хит во регионов: „Вирус е вирус, но кворум е закон“

Беќаровски: Замислете преку 20.000 лица да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица

(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

Фото/Фејсбук/Костадиновска Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хакирана Европската агенција за лекови, цел на нападот документите за вакцината на Фајзер и Бионтек

Редакција

Заев не се сретнал со Орбан во Дубровник

Редакција

Собранието ќе се распушти на 11 февруари

Редакција