Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците (АА), а се намалува со тие од „Алтернатива“, денеска е на дневен ред на 104. седница на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри
На седницата закажана за попладне во 15 часот ќе се расправа и одлучува за избор на четворица нови министри и петмина заменици министри, по одлуката за влез на АА во владиното мнозинство.
Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе делува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА, Арбен Таравари ги заокружија преговорите за соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците
Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање
МИА