еМагазин
Image default
Македонија

Прекршочен платен налог против директор на затвор, кој си го вработил синот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната 55-та седница, донесе одлука за поднесување прекршочен платен налог против поранешен директор на еден затвор, кој додека ја извршувал функцијата си го вработил својот син во истиот затвор.

Против директорот, кој во февруари годинава бил разрешен од функцијата, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска рече дека ќе биде поднесен и прекршочен платен налог и за непријавување на блиско лице и поради тоа што нема поднесено анкетен лист, по престанок на функцијата.

Ивановска, реферирајќи за случајот, рече дека директорот донел одлука за објавување на оглас за три работни места, по што била формирана комисија за селекција при спроведување на постапката за вработување и бил изработен записник.

– За работното место советник за водење постапки за јавни набавки пријавен е само еден кандидат и тоа синот на директорот. Донесена е одлука да се изврши избор од страна на директорот и договорот за вработување е потпишан од негова страна, изјави Ивановска.

За истиот директор, посочи Ивановска, има и пријави кои се однесуваат на објавен оглас за тројца извршители – двајца за виш надзорник за внатрешни и надворешни обезбедувања и еден командир за обезбедување.

– Во однос на првото работно место, формирана е комисија за селекција при што, со записник е утврдено дека се пријавени пет кандидати.

Во однос на првото лице, пријавител, комисијата констатирала дека документите не се разгледани поради ненавремено доставување, а во однос на второто лице пријавител комисијата констатира дека тој добил отказ пред пет години поради неоправдано отсуство од работа во рок од три дена.

За второто работно место пријавени се четири кандидати и комисијата констатира дека сите пријавени кандидати не ги исполнуваат условите, изјави Ивановска.

По спроведената постапка, посочи Ивановска, извршената административна селекција, за две лица за работно место виш надзорник, но без да е спроведе интервју.

ДКСК, на денешната седница, констатира судир на интереси кај три лица – директорка на Универзитетска клиника за гастрохепатологија, докторка и претседателот на Управниот одбор, поврзани со клиничко истражување, при што донесе одлука на сите тројца да им се достават известувања и да се побара да излезат од констатираната состојба, а следствено на направеното прекршување да се поведат прекршочни постапки.

Членот на ДКСК, Софка Пејовска Дојчиновска, појасни дека од добиените документи, било констатирано дека ЈЗУ Универзитетска клиника за гастрохепатологија, склучила договор за спроведување на клиничко испитување за кое претходно е дадено позитивно мислење од Етичката комисија за клинички испитувања поврзани со лекови и медицински средства и тоа е одобрено од Агенцијата за лекови и медицински средства, но дека има ситуација каде застапник на фирмата која го спонзорира истражувањето е сопруг, кој е сопруг на една од докторките, која што влегува во тимот за истражување.

– Прво, произлегува дека директорот на Клиниката се наоѓа во состојба на судир на интереси, бидејќи со потпишување на договорот за клиничко испитување има директен приватен интерес, преку остварување на финансиска корист, како главен испитувач.

Второ, претседателот на Управниот одбор, исто така, се наоѓа во состојба на судир на интереси, бидејќи од една страна одлучува во процесот на спроведување на истражувањето и има директна финансиска корист како главен испитувач.

Трето, докторката, која е сопруга на управителот на правното лице застапник на спонзорот, се наоѓа во состојба на судир на интереси, бидејќи е вклучена во испитувачкиот тим, појасни Дојчиновска.

ДКСК, во рамки на денешната 55-та седница, разгледа и одлучи по повеќе предмети за судир на интереси.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССНМ: Институциите да не го загрозуваат здравјето на новинарските екипи

Редакција

Градоначалничката на Арачиново, Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ21 и побара расветлување на случајот

Редакција

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција