Од полноќ во Србија може да се влегува без задолжителен ПЦР тест. Преку граничниот премин Табановце кај нашиот сосед до 14:00 часот влегле 1.657 граѓани од кои 1.240 македонски и 417 странски државјани.
Од полициската станица за ГП Табановце информираат дека вкупно 1.295 граѓани влегле преку граничниот премин Табановце од полноќ до 14:00 часот, од кои 692 домашни и 603 странски државјани.
Во истиот период излегле 1.657 граѓани, од нив дури 1.240 македонски и 417 странски државјани. Од граничниот премин информираат дека до 14:00 часот влегле и излегле 1.932 македонски државјани и 1.020 странски државјани или севкупно 2.952 лица.
Граѓаните од државата кои денеска се упатија кон Србија, велат дека се информирани за одлуката да се патува без задолжителен ПЦР тест и кажаа дека ќе ги посетат роднините во соседната држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани од 14 јануари
МИА/Фото: Влада