еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Претседателот и членовите на Регулаторна за енергетика имаат повисоки плати од премиерот и министрите

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави платите на претседателот и членовите на комисијата.

Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ има месечна плата од 97.114 денари, заменик претседателот, Куштрим Рамадани од 91.276 денари, а членовите од 88.774 денари.

Членови на РКЕ се Светлана Јаневска, Енвер Ељмази, Панче Орцев, Наташа Вељановска и Атанаско Туневски.

Колку за споредба, како што објави ексклузивно еМагазин пред неколку месеци, месечната плата на премиерот Зоран Заев е 79.896 денари, а на министрите се движи од 65.000 до 71.100 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: „Ковид-сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот, тргнете ги покажете оригиналност“

Редакција

Не може ЕУ повеќе да носи едногласни одлуки, треба да се модернизираме, вели германскиот канцелар Шолц

Редакција

Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба

Редакција