еМагазин
Image default
Бизнис

Приходите на Комерцијална банка намалени за 12,4 отсто

Вкупните приходи од работењето на Комерцијална банка во текот на минатата година изнесуваат 4,3 милијарди денари (околу 71 милиони евра) и бележат намалување од 12,4% во однос на претходната  година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето навкупните приходи од работењето и на 31.12.2019 година истите бележат намалување од 2,7% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на намалени приходи од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, поради намалување на нивната состојба, како и од намалени приходи од камати од секторите држава и финансиски друштва поради намалени каматни стапки на државните и благајничките записи.

Наспрема тоа, приходите од камата од секторот домаќинства бележат зголемување поради зголеменото кредитирање споредено со 2018 година и покрај намалување на активните каматни стапки. Планот за анализираниот период е остварен со 94,7%“, соопшти банката.

Оттаму информираат дека нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2019 година изнесуваат 947,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8%. Планот за анализираниот период е остварен со 102,6%.

„Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2019 година изнесуваат 118,1 милиони денари и бележат намалување од 15,6%. Планот за анализираниот период е остварен со 84,9%. Останатите приходи од работењето на банката на 31.12.2019 година изнесуваат 819 милиони денари и бележат намалување како резултат на помалку реализирани приходи од капитални вложувања и капитална добивка од продажба на преземен имот“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка лани оствари добивка од 29 милиони евра

Комерцијална банка планира добивка од 31 милион евра и помал број на вработени во 2020 година

Комерцијална банка: Бројот на вработени незначително се намалува поради пензионирање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е грчката компанија која ќе ја гради хидроцентралата Чебрен

Редакција

„Европа“ ја зголеми добивката за 80% и покрај кризата од Ковид-19

Редакција

Мега тендер: ЕСМ склучи договор со Марковски компани, вреден 46 милиони евра

Редакција