еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за двајца за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик.

Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна постапка, а до Основниот суд во Тетово поднесен е предлог за определување мерка притвор.

За малолетникот, пак, постапката ќе се води според Законот за правда на децата.

Како што соопшти Јавното обвинителство, Тетовското обвинителство ја презеде постапката за да се обезбеди непристрасност на истрагата, со оглед на тоа што оштетениот е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар.

Настанот, како што се посочува, се случил во раните утрински часови на 21 ноември, кога осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител.

Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен.

Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал.

-Оштетениот им се претставил дека е јавен обвинител и дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот.

Сите тројца осомничени започнале да го удираат, а малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош.

Потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел, стои во соопштението.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата полнолетни осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца осомничени за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско, причина недоразбирање во сообраќајот

Обид за убиство на јавен обвинител во Чегране, Гостиварско: Нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојде време културните работници да плачат по власта на ВМРО-ДПМНЕ и Ганка

Редакција

МВР регистрира 412 прекршоци за неносење маска

Редакција

Детална листа на сите вработени и советници во Кабинетот на Заев и нивните плати

Редакција