еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен, па пуштен личниот возач на Али Ахмети, возел со регистарски таблички од друго возило

Припадници на полициските „Алфи“ пред неколку дена го привеле возачот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во полициската станица во Карпош. По разговорот бил пушен.

Според полицијата, тој е приведен поради сомнение дека автомобилот „ауди„ кој што го возел, има регистарски ознаки од друго возило.

„На 25.12.2018 година во 21,40 часот во полициска станица Карпош е приведен Ш.И.(44) од село Зајас, Кичевско, поради сомнение дека на автомобилот „ауди” кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот”, стои во билтенот на МВР.

Информацијата ја објави порталот Алмакос.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешена директорката на ДИЖС, Ана Петровска, на нејзино место назначен Сретен Стојковски

Редакција

Македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија, вратени од хрватско-српската граница

Редакција

Британци со компјутерска измама украле над 400 илјади евра од македонска фирма

Редакција