Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во врска со фудбалскиот меч Шкупи и Левски вчера биле уапсени 21 лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени
-На 27.07.2023 година во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.
Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од таму.
Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир
МВР го утврди идентитетот на повеќето лица кои нападнаа бугарски навивачи во Чаир
(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир