еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016), соопшти МВР.

– Во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Република Македонија продолжува и понатаму со континуирани активности во насока на детектирање, идентификување, неутрализирање и кривично гонење на странски терористички борци. Република Македонија како една од земјите коja ги прифати резолуциите 2178 (2014) и 2396 (2017) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, презеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја, почитувајќи го домашното и меѓународното право, како и основните човекови права и слободи.

Оваа акција е уште еден показател дека институциите на Република Македонија имаат капацитет и кредибилитет да се справат со актуелните безбедносни предизвици и се сериозен партнер во Глобалната коалиција за борба против тероризмот. Согласно Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Република Македонија спроведува програми за дерадикализација на странските терористички борци во затворите, презема активности за зголемување на свесноста за ризикот и заканите од тероризмот и ги зајакнува механизмите за превенција од радикализација на локално ниво, се вели во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 осомничен за перење пари: Со 1,5 милиони евра кои ги зел како мито, си купувал скапа облека и плаќал одмори

Редакција

Германската министерка Бербок порача да се смени Уставот за младите да останат овде

Редакција

Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува

Редакција