еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: „Нема да има претрупување на болниците, ниту многу поголеми дневни броеви на починати од сегашниве“

Последниве 7 дена ефективниот репродукциски број во просек изнесува околу единица (поточно Rt = 0,99 ± 0,35, на првиот дијаграм), што значи дека дневните броеви во просек повеќе не растат, односно моментално се наоѓаме на самиот врв (зелената линија на вториот дијаграм, којашто повеќе не може да ја следи црвената линија на експоненцијален раст), вели проф. Дејан Трајковски во неговата анализа на ковид-состојбата.

„Дури ни намалениот број на тестирања за Водици не може многу да ја наруши оваа проценка.

Значи, не само што нема да видиме 4.000, туку нема да видиме ни 3.000 случаи дневно, туку евентуално максимално околу 2.500 и тоа само во наредните неколку дена, ако воопшто видиме.

Едноставно, премалиот број на тестирања не дозволи повисоки дневни броеви.

 

Факторот на раст на дневниот број на случаи (на третиот дијаграм) во просек изнесуваше 1,017 во изминатите седум дена, а после 3 дена со овој тренд ќе видиме дека токму денеска факторот ќе изнесува единица, односно растот на бројките е практично сопрен.

Кај стапката на позитивни тестови (на четвртиот дијаграм) забележуваме исто така застој, што значи дека веројатно нема да видиме стапки од по 40%-50% како во БиХ или Србија, на пример.

 

Единствено кај бројот на активни случаи забележуваме раст, но тоа се должи на „заборавените“ отворени случаи (тоа се гледа од растот на времетраењето од отворањето до затворањето), но штом се фати чекор со затворањето, ќе видиме врв и кај броот на активните случаи.

Впрочем, врвот на активните случаи секогаш доаѓа неколку дена по врвот на новозаразувањето, а врвот на смртните случаи уште неколку дена подоцна.

Сé на сé, со стапка на хоспитализираност од само 2,7% и стапка на леталитет од само 0,96% во изминатите 7 дена (обете стапки се за речиси 4 пати помали од досегашните просеци), ниту ќе видиме претрупување на болниците, ниту многу поголеми дневни броеви на починати од сегашниве (24-те починати од завчера се практилно максимумот, но можно е да видиме до 30).

Единствено не знаеме какви ќе бидат пост-ковид компликациите од Омикрон сојот, но нив не сме ги следеле ни досега.

Инаку, во Битола е потврдено настапувањето на врвот пред 5 дена. Отсега, во наредните 2-3 месеци нé очекува бавно и долготрајно намалување на дневните броевите, но тоа сепак ќе донесе уште голем вкупен број на случаи,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: „Најголем дел од случаите со омикрон, можеби и над 90% се асимптоматски“

Проф. Трајковски: „Вакциналните сертификати во кафеана не се никаква гаранција- вакцините не штитат од заразување со омикрон сојот кој е 100% доминантен“

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 10% порасна цената на патарините во Србија

Редакција

(Фото) Тимот на Министерството за финансии пак победи на Business Run

Редакција

ЕУ загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

Редакција