еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Со вакцините не успеваме да ја намалиме смртноста, останува да се бориме со превенција на заразувањето

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

Пред извесно време тука разгледавме еден дијаграм за корелацијата помеѓу морталитетот и опфатот со вакцинација по општини. Податоците беа само за 8 града, односно колку што беа дадени од Министерството за здравство. Таму се покажа дека морталитетот е помал како што расте опфатот со вакцинација по градови.

Но, морталитетот претставува производ помеѓу инциденцата на заразување (дијагностицирање) и стапката на леталитет во дадена општина.

Двете големини се под влијание на опфатот со вакцинацијата, но инциденцата, покрај тоа, трпи влијание и на дисциплината во дадена општина, па би било добро да се исклучи од разгледување, односно да се побара само корелацијата (врската) помеѓу леталитетот и опфатот со вакцинација.

Тогаш не помислив на ова, туку тргнав по умот на МЗ, кои дури не ги пресметале ни морталитетот ни леталитетот, туку само ги дале само броевите на починати, не водејќи сметка дури ни за големините на општините.

Општо земено, даваат површни статистики од кои не може нешто корисно да се заклучи или научи.

За жал, ги немаме движењата на броевите на дијагностицирани и починати по датуми за сите општини, но барем можеме да го разгледаме примерот на Битола и Македонија. Познато е дека во Битола опфатот со вакцинација е поголем од државниот просек, а морталитетот во летниот бран е понизок од државниот просек.

На подолниот дијаграм ги имаме интервалите на доверба за леталитетот во летниот бран, од Делта сојот, за Битола и Македонија. Иако Битола има во просек помал леталитет од Македонија (крукчињата на дијаграмот), поради големата ширина на интервалот на доверба (неизвесноста, поради помалиот примерок), пресметката покажа дека разликата меѓу леталитетите не е статистички значајна (барем со досегашните мали броеви во Битола), односно не била под влијание на опфатот со вакцинација.

p-вредноста (веројатноста леталитетите да биле исти – нултата хипотеза) изнесува 0,234, што е прилично поголемо од 0,05, односно прагот на значајност, поради што не можеме да ја отфрлиме нултата хипотеза.

Со други зборови, постојат 23,4% шанси леталитетите да не се разликуваат, што е премногу (се толерира до 5%).

Останува дека разликите во леталитетите помеѓу Битола и Македонија само случајно се разликуваат, односно не се под влијание на повисокиот опфат со вакцинација.

Оттука следи дека разликата во морталитетите помеѓу Битола и Македонија се должи само на помалата инциденца на заразување.

Како што рековме, инциденцата само делумно се должи на опфатот со вакцинација, поради ндоволната ефективност на вакцините против заразување (не проверивме со статистички тест но веројатно резултатот би бил како погоре, со статистички безначајна разлика), па преостанува другиот фактор, дисциплината, почитувањето на мерките и помалиот број на свадби.

Најверојатно овој фактор во Битола довел до помалку заразувања, а индиректно и до помалку смртни случаи.

Интересно е што дисциплината и бројот на свадби претставуваат таканаречен конфаундинг фактор, односно влијае истовремено и на опфатот со вакцинација и на морталитетот (преку заразувањата). За ова да се докаже би требало посложено испитување.

Сепак, со прилично голема сигурност може да се каже дека за големиот број на дијагностицирани и смртни случаи во Северозападна Македонија, покрај малиот опфат со вакцинација, пресудно значење имале големиот број на свадби и недисциплината, односно непочитувањето на мерките.

При толку голема негрижа и невнимание, само многу висок опфат со вакцинација, на ниво на западноевропските земји, можел евентуално да го промени исходот од летниот бран.

Ова е воедно поука и за есенскиот бран. Како што гледаме, со вакцините не успеваме да го намалиме леталитетот. Со лекување – уште помалку. Останува да се бориме со превенција на заразувањето.

При постоечката ефективност на вакцините против заразување, најдобриот начин е со доследна примена на превентивните мерки. Лесно е да се каже, но тешко да се оствари, барем кај нас“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Бројките на починати, нови случаи и хоспитализирани во следниот период ќе искачуваат

Проф. Трајковски: Нема да биде лесно, речиси е сигурно дека во текот на октомври или почетокот на ноември ќе дојде до преполнување на болниците

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 621 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Грчко МНР: Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам, прашањето за Договорот покренато на меѓународно ниво

Редакција

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција