еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: „Со вакцините, ризикот од смрт од Ковид-19 се намалува за цели 18 пати“

Проф. Дејан Трајковски во неговиот најнов пост на „Фејсбук“ прави анали за ефикасноста и ефективноста на вакцините против Ковид-19.

„Изгледа дека ќе мораме да се помириме со намалената ефикасност на вакциите (не само кинеските) против симптоматски ковид. За среќа, другата ефикасност (наречена уште ефективност) против смртен исход сé уште добро се држи.

Да не навлегуваме во пресметките на ефикасноста коишто секој не ги разбира, но ајде да ја видиме пресметката на стапката на леталитетот (процентот на сите починати од бројот на дијагностицирани) во Велика Британија од појавата на Делта сојот (25.05.2021) до денес.

Бројот на дијагностицирани за 41 ден изнесувал 6.836 на милион жители, а бројот на починати за 41 ден (но временски поместен за 14 дена во однос на интервалот на дијагностицираните, заради временскиот интервал од заразувањето до смртниот исход) изнесувал 13 на милион жители.

Стапката на леталитет во Велика Британија во време на Делта сојот при постоечкиот опфат со вакцинација изнесува 13/6836 = 0,19%.

Да се потсетиме, во Македонија стапката на леталитет од почетокот на епидемијата до денес, без вакцинација и без Делта сојот изнесува 3,52%. Ова е прилично повисока вредност во однос на Велика Британија, дури и пред вакцинацијата. Што постигнуваме со вакцинацијата?

Како прво, ги намалуваме шансите да се заразиме. Второ, ако се заразиме ќе поминеме полесно. Тие што без вакцина би умреле, со вакцина ќе поминат само со хоспитализација, а тие што без вакцина излегле живи од болница, со вакцина, ниту би влегле во болница.

Како невакцинирани дијагностицирани имаме 11% шанси да стигнеме до болница. Ако влеземе во болница, како невакцинирани имаме 28% шанси да умреме во македонските болници (стапка на болнички леталитет, сме ја виделе тука пресметката порано).

Има извесен број починати и во домашни услови, па така доаѓаме до споменатиот леталитет од 3,52%. Но, со вакцини го намалуваме ризикот за цели 18 пати (3,52%/0,19%).

Кога би бил на местото на здравствените власти, познавајќи го менталитетот на нашето население (коешто е недоверливо кон секоја власт) не би вршел ниту агитација за вакцинација, ниту би вовел задолжителна вакцинација. Само би ги оставил линковите до сајтовите на Министерството за здравство и Институт за јавно здравје Скопје, каде би биле истакнати овие пресметки. Па кој сака да се коцка со веројатноста, слободно може да го прави тоа, нема да се (раз)убедуваме.

Всушност, власта тоа суптилно и го прави. Кога велат дека „единствениот начин да се справиме со Делта сојот е вакцинацијата“, тие на културен начин всушност им порачуваат на антиваксерите: „Немаме намера да се убедуваме со вас, не се вакцинирајте, забавувајте се и патувајте колку што сакате, не се тестирајте, не пријавувајте контакти и шетајте заразени наоколу.

Ви донесовме вакцини и ви кажавме што треба да направите, ама вие сето тоа го фрливте под нозе. Возрасни сте, имате разум и самите одлучувате, ама утре ако се разболите ќе ве лекуваме колку што можеме и знаеме во македонски услови.

Заради вас нема да ја жртвуваме ни економијата ни удобноста на другите луѓе што се поразбрани од вас. Од денеска, каква ви глава – таква ви капа. Тоа што сте си дробеле – тоа и ќе сркате. Нека ви е Господ на помош!“,“ напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Мерките не дискриминираат, секој е одговорен во борбата против пандемијата со највисока граѓанска обврска за вакцинација, велат од Министерството за здравство

Не можеме да живееме затворени, вакцината е измислена да се вратиме во нормала, вели Филипче

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, не прифаќам разговори во Минск кој е соучесник во војната,“ рече Зеленски

Редакција

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кратово

Редакција

Пожарот во неготинско го затвори патот Неготино – Штип

Редакција