еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Професорот Дејан Трајковски, кој редовно на својот Фејсбук профил прави анализа за состојбата со Ковид-19 во Македонија пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влегување во кафеана или патување во странство врз основа на прележаност и изминати најмногу 45 дена од оздравувањето.

“Тоа се лицата кои се разболеле најрано 65, а најдоцна 18 дена сметано од денес наназад.

Календарски, тоа би значело дијагностицираните од 12.06.2021 (од случајот под реден број 155.536) до 29.07.2021 (до случајот број 156.299).

Се на се, се работи за 763 лица во целата држава.

Па како им текнуваат вакви будалаштини?

Што ќе прават со мене, прележан во април, моментално со титар на антитела 46.500 AU/ml, при референтна вредност 50 AU/ml, 930 пати над прагот на детектабилност? Не постои таква вакцина која после две дози дава толку многу антитела. Еве, јас иако сакам да ја примам втората доза, не смеам.

Имам вистинска потреба да патувам во Србија, ама ако останам 7 дена во карантин по враќањето, нема да смеам да одам на работа. Немам ништо против, но дали ќе ми го прифатат тоа?

Се е толку бесмислено, поточно непромислено“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцина или потврда за прележан Ковид-19

Без разлика на капацитетот во кафана или кафуле само со потврда за вакцина или прележан Ковид-19 во последните 45 дена

Во карантин ќе одат македонските граѓани кои од 1.септември за влез во земјава ќе немаат ПЦР-тест, потврда за вакцина или прележан Ковид-19

Од 1 септември влез или излез од земјата со сертификат за вакцинација, за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР- тест

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледа ресторанот “Концепт“, кој доби награда “Фуд вижн“ на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Редакција

Министерката Петровска: Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина

Редакција

Ги убедија ли Меркел, Курц и Столтенберг граѓаните да излезат на референдум

Редакција