еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Променливо облачно и нестабилно од утре до средината на следната недела

Од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонска пошта“ вработува 80 лица, плата до 23.381 денари

Редакција

Времето денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд

Редакција

(ВИДЕО) Американски знамиња, песни и ора: Како Косоварите го прославија формирањето на војска на Косово

Редакција