Македонската берза ја објави новата публикација „Факти за котираните компании“ во која се објавени податоци за 20 најликвидни компании на берзата.
еМагазин во наредните денови ќе ги објави деталните анализи за сите компании.
Во новото продолжение од серијалот текстови ќе ги презентираме податоците за „Гранит“ АД Скопје.
Тие покажуваат дека заклучно со август годинава бил остварен вкупен промет со акциите на „Гранит“ во износ од 335 милиони денари или околу 5,4 милиони евра.
Просечниот дневен промет изнесувал 2 милиони денари што е зголемување во однос на претходната година кога просечниот дневен промет изнесувал 1,1 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гранит со добивка во првите шест месеци
Промени во Одборот на директори на „Гранит“
Промени во Надзорниот одбор на „Гранит“
Фото: Влада