Македонската берза ја објави новата публикација „Факти за котираните компании“ во која се објавени податоци за 20 најликвидни компании на берзата.
еМагазин во наредните денови ќе ги објави деталните анализи за сите компании.
Во новото продолжение од серијалот текстови ќе ги презентираме податоците за НЛБ Банка АД Скопје.
Тие покажуваат дека заклучно со август годинава бил остварен вкупен промет со акциите на НЛБ Банка во износ од 473 милиони денари или околу 7,6 милиони евра.
Просечниот дневен промет изнесувал 2,9 милиони денари што е зголемување во однос на претходната година кога просечниот дневен промет изнесувал 2,2 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица
НЛБ Банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност