еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прв дуел на Заев и Мицкоски: „Попрво соработка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ отколку уцени од ДУИ“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев очекува дека на претстојните избори ќе добијат голема поддршка која, како што рече, ќе ни даде можност да избереме врз основа на принципи, на вредности, со кои ќе влеземе во коалиција.

„Бројките кажуваат дека сами можеме да оформиме парламентарно мнозинство. Широка, најголема, најбројна и мултиетничка комплетна коалиција со која настапуваме. Но, секако, ќе избереме една од политичките партии да влезе во коалициската влада и во парламентарното мнозинство, во зависност од тие вредности и принципи.

Секако тоа ќе биде една албанска партија, дали ќе биде ДПА, Алијанса, Алтерантива или шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ние парламентарното мнозинство ќе го обезбедиме“, рече Заев.

Во вечерашниот дуел на ТВ 24 со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Заев рече дека би разговарал со ДУИ за формирање Влада по изборите ако се откаже од условот нивниот кандидат Насер Зибери да биде премиер.

„Уцената дека ДУИ ќе влезе во Влада со таков услов не смееме да ја дозволиме. Прво граѓаните се единствени кои ќе одлучат со својот глас кој ќе биде иден премиер. СДСМ ќе има најголем број на пратеници, секако верувам дека можеме да дојдеме и до 60 и повеќе пратеници“, рече Заев, кој посочи дека нема проблем со етничката припадност.

Заев рече и дека е спремен да му отстапи 13 пратеници на Мицкоски за да формира малцинска Влада или ќе бара од него да отстапи шест за тие да формираат малцинска влада.

„Никој не смее да преговара под уцени“, порача Заев.

Според Мицкоски, математиката на Заев е лоша, бидејќи на неговата коалиција би и фалеле еден или двајца пратеници, а не 13 за мнозинство во Собранието.

„Јас би кажал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада, постојат луѓе кои се дел од коалицијата „Можеме“ кои евентуално во иднина ќе ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека идната влада ќе ја раководи ВМРО-ДПМНЕ, ќе има реален раст на просечната плата, на пензиите, вистински инвестициски бум, најави дека во првите 100 дена ќе донесат три сериозни големи компании, а имињата не ги соопшти.

Појасни дека ќе прават коалиција со сите оние ќе им бидат компатибилни во нивната програма, кои ќе ја прифатат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде мандатар со тоа што ќе го дадат својот глас на избори и оти тоа не се договара на маса.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според ВМРО-ДПМНЕ локалните избори поминале со нерегуларности, но имало позитивна енергија кај гласачите

Редакција

Кај 82,2% од починатите од Ковид-19 во Македонија регистрирани претходни заболувања

Редакција

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

Редакција