еМагазин
Image default
Македонија

Радев бара Заев да се извини, а бугарската влада да провери дали е прекршен Договорот за добрососедство

Бугарскиот претседател, Румен Радев, не е задоволен од напишаното објаснување на македонскиот премиер Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил во врска со изјавата чие е Илинденското востание.

Според Радев, тоа што го напишал македонскиот премиер Заев не е извинување како што тврдат бугарските медиуми.

„Вие слушнавте ли дека  има извинување? Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не го коригира тоа што го изјави. Не може сѐ да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за добрососедски односи со Македонија“, изјави Радев.

Според Радев, Илинденското востание е бугарско, а според Заев, македонско.

Фото: Влада

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет, актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка

Редакција

Бугарија евакуира 200 лица од Одеса меѓу кои и македонски и американски државјани

Редакција

Се брза со реализација на Преспанскиот договор: Како гласи новата ознака на споменикот на Александар Македонски?

Редакција