еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Расте бројот на заразени со корона вирусот во Кина и Јужна Кореја, Јапонците велат рано е за откажување на Олимписките игри во Токио

Во Кина во текот на вчерашниот ден има 508 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус.

Вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина изнесува 77.658, објави денеска Националната комисија за здравство на земјата.

Бројот на починати, според најновите податоци, е 2.663 лица.

Во Јапонија, пак, од новиот коронавирус, наречен Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес“, објави телевизијата НХК, додавајќи дека починатиот имал 80 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като, сепак, изјави дека се уште е рано да се зборува за откажување на летните олимписки игри во Токио, кои почнуваат на 24 јули.

Јужна Кореја пријави 60 нови случаи на коронавирус, со што е зголемен вкупниот број на заразени лица во земјата на 893, соопшти Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сомнителниот пациент од Италија тестиран на Инфективната клиника во Скопје нема корона вирус

Изолациски центри за сомнителни случаи од корона вирус ќе има и во Велес и Гостивар, ќе ги обезбедува полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

173 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Починаа уште седум лица од Ковид-19, вкупно 3.126

Редакција

(Фото) Кемер се одликува со хотели со многу зеленило, и погледи кон море и врвови на планини

Силвана Жежова