еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид кој се вакцинираше против Ковид-19 преку ред

Директорот на Општата болница во Охрид денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница во Скопје, информираат од Министерство за здравство.

„Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира.

Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, Филипче вели тоа е злоупотреба и најави казни

Директорот на охридската болница тврди дека лицето кое се вакцинирало било активно вклучено во справување со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ферид Мухиќ, се предомисли: Ќе гласам „за“ уставните измени

Редакција

Каков имот пријавил бившиот пратеник Томислав Тунтев, сега нов директор на АЦВ

Редакција

(ВИДЕО) Американскиот секретар за одбрана Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Редакција