еМагазин
Свет

Развиен тест за коронавирус кој навремено ги открива високоризичните пациенти

Научниците развија тест на крвта што може ефикасно да открие пациенти кои имаат голем ризик да добијат потешка форма на Ковид-19.

Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека направиле тест со кој може да се открие протеин кој е директно поврзан со ризик од смрт или сериозна форма на Ковид-19, јави Дејли меил.

Се смета дека протеинот ГМ-ЦСФ е одговорен за распаѓање на имунолошкиот систем и предизвикување оштетување на органите или смрт кај некои пациенти со коронавирусот.

Меѓутоа, ако се открие на време, за време на приемот на пациентот во болницата, лекарите можат да реагираат поагресивно и можно е да се нападне ГМ-ЦСФ со постојните лекови што се користат за лекување на артритис.

И намалувањето на нивото на протеини би го намалило ризикот некој сериозно да се разболи или да почина од коронавирусот, објаснуваат истражувачите.

Во студија спроведена на повеќе од 500 пациенти, тим научници откриле дека нивото на протеин познат како цитокин е значително повисок кај сериозно болни луѓе, па дури и десет пати повисок кај луѓето кои подоцна починале.

Професорот Питер Опеншо, еден од експертите кои учествуваа во студијата, рече дека „овие откритија се многу важни во борбата против Ковид-19“.

МИА/Фото: Photo by Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бил Гејтс: Теориите на заговор за вакцината за корона вирусот се бизарни

Редакција

(Видео) На протест против војната во Русија уапсена и 77-годишна активистка

Редакција

(Видео) Италијанците „полудеа“ од карантинот поради корона вирусот: „Возат“ глисери и „скијаат“ по дома

Редакција