еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реџепи во понеделник ќе разјасни што се случило, на Беса ѝ порача да не превзема избрзани чекори

Пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи денеска преку својот Фесјбук-профил најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото вчерашно непојавување во Собранието, каде требаше да се гласа за доверба на Владата.

– Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се.

Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги информирам дека моето прво појавување пред јавноста ќе биде во понеделник преку прес-конференција.

На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема избрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно, напиша Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

Џафери не ја исклучува можноста Реџепи од Беса да остане дел од парламентарното мнозинство

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Титаник“ на СЈО одложен поради здравствени проблеми на обвинет

Редакција

Беким Реџепи од ДУИ ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов

Редакција

Намален бројот на склучени бракови

Редакција