еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Ќе има ли истрага во Конгресот за синот на Бајден и повлекувањето од Авганистан: Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом

Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом, објави „Гардијан“.

Партијата конечно го освои своето клучно 218. место во Долниот дом на Конгресот, со што ја презема контролата врз демократите, подготвувајќи терен за „пресметка“ со Џо Бајден во следните две години од неговото претседателствување.

Како што е наведено, овој резултат значи дека демократката Ненси Пелоси како претседателка на Претставничкиот дом најверојатно ќе му ја предаде „власта“ на републиканецот Кевин Мекарти, кој изјави дека има намера да ја преземе функцијата.

Контролата на Претставничкиот дом е клучна затоа што ќе им овозможи на републиканците да започнат серија конгресни истраги, од неуспешното повлекување на Бајден од Авганистан до поочигледно политизирани истраги за дејствијата на владата за време на пандемијата на коронавирус и деловните активности на синот на Бајден, Хантер.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема ни куќа, ни стан, ама има два автомобили: Каков имот пријавил разрешениот министер Сухејл Фазлиу

Редакција

(Видео) Во геј клуб во САД убиени пет лица, убиецот совладан од гостите

Редакција

Кандидатот на ДУИ, Дука победи во Дебар, неговиот противкандидат најави приговори

Редакција