еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Режисерот Милчо Манчевски му одржа лекција на скопскиот градоначалник Петре Шилегов

Еден од најпознатите македонски режисери Милчо Манчевски на својот Фејсбук-профил објави мислење околу најавените инфраструктурни проекти во Скопје со кое отворено го критикува начинот на кој градоначалникот Петре Шилегов ги спроведува промените во градот и укажува на негативните ефекти од планираните сообраќајници во централното градско подрачје.

Неговото мислење го пренесуваме во целост:

„Градоначалникот гради автопат низ центарот на Скопје. Плус тунел и вијадукт. Ова е продолжувањето на Климент Охридски и тунелот под Кале.

Начинот на кој проектот е нарачан не е демократски, ама поважно е дека со ова се зголемува сообраќајот низ центарот, се зголемува загадувањето и се уништува квалитетот на живот на граѓаните на општина Центар (бучава, загадување, итн).

Град Скопје распиша тендер за изработка главен проект за инфраструктурен коридор. Тоа нема врска со изработка на студија. Студија се прави за да се подготви програмата по која се разработува проект. Приватна фирма не прави студија, оти нејзините интереси се различни од јавните, особено ако фирмата е инженерска, затоа што во таков случај не се консултирани ниту архитекти, ниту урбанисти, а за еколози и граѓани ич муабет да не правиме.

Убаво би било да се направат и консултативни работилници како со Данците за Мал ринг (резултатите од тие работилнице сѐ уште ги чекаме). Можат да се направат и јавни дискусии на кои навистина ќе има граѓани и граѓански здруженија. Ништо од тоа нема.

Значи, ниту се испочитувани граѓаните, ниту стручноста за да се скокне во ваков кардинален проект кој ќе го промени ликот на градот засекогаш. Потребата да се прави вијадукт и да се дупчи тунел се базирани врз размислување старо половина век во кое колата е најважна, а пешакот споредна пречка.

Денес за градовите се размислува веќе поинаку. Колите не се пожелни во градските центри, им се одземаат ленти, се дестимулира сообраќајот, а се стимулира јавниот превоз, точаците, пешаците. Тоа од што денес страда Скопје бил проблем на Амстердам и Њујорк пред 40 години и го решиле на ваков начин.

Ова (тунелот и вијадуктот) се проекти кои се прават според ГУП кој е скоро со истечен рок. Градоначалникот најави дека догодина ќе започне изработка на нов ГУП – и тоа е момент кога треба да се направат и студиите и проверките за сите постоечки сообраќајни коридори во Скопје со нови светски матрици на размислување.

Можеби притоа – доколку навистина мора да се канат нови коли да возат низ срцето на градот – ќе се заклучи дека е подобро поврзувањето север-југ да оди покрај касарната Гоце Делчев и преку мостот кај Александар Палас, со проширување на некои делници, особено потегот од мостот до семафорите.

Во тој случај не само што ќе се растерети строгиот центар, туку и градежните зафати ќе бидат многу помали и поефтини“, напиша Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како ќе изгледаат тунелите под Кале кои треба да ги спојат двете страни на Скопје

Шилегов: Градот нема ингеренции да ги урива дивоградбите на Матка

Шилегов не планира оставка од градоначалничката функција

Шилегов пишман: Нов концесионер на „Дрисла“ по претседателските избори

Твитер го „подбра“ Шилегов: „Не би било Луна парк без кафана“

Фото: Фејсбук/Милчо Манчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов до Ковачевски: Фатете го бикот за роговите, важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува етнички Албанци во Кратово, Радовиш и Делчево

Редакција

И Филипче најави кандидатура за претседател на СДСМ

Редакција