Премиерот Зоран Заев синоќа го примил рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, кој му ја предал копијата од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на претседателот Владимир Путин оваа земја го признава новото име на нашата земја – Република Северна Македонија.
На средбата во Кабинетот на премиерот Заев двајцата соговорници ги потврдиле заложбите на двете земји за одржување традиционално пријателски односи низ активен дијалог.
“Посебно внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето на можности за зголемување на економската соработка, за што како особено значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90 отсто, во споредба со истиот месец лани.
Во таа насока, интензивирањето на економската соработка се очекува да биде централна тема на наредната сесија на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка меѓу двете земји која треба да се одржи во Скопје“, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Русија станавме Северна Македонија
Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација
Фото: Влада