еМагазин
Image default
Македонија

Русковска ја „искара“ колешката Стефанова: „Требала да пријави непрофесионалност во Советот на судии“

Било кој што има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба тоа да се пријави во Советот на судии. Колешката Стефанова како обвинител треба да ја знае таа процедура, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го испита тврдењето на Лиле Стефанова за вмешаност на судијката Добрила Кацарска во случајот „Империја“.

Според Русковска недозволиво е изнесување такви сомневања без тоа да биде пријавено во Советот на судии.

„Недозволиво е такви сомневања после година и пол да се изнесуваат во судница, а без притоа да биде известен Судскиот совет“, нагласи Русковска.

Во однос на истрагата за „Империја“ и дека се води со забрзано темпо, Русковска рече дека нема информација дека се води со забрзано темпо.

„Знам дека се повикани некои сведоци и Стефанова постапува по предметот заедно со колешката Гордана Смаќовска. Така да двете треба да бидат присутни кога ќе се сослушуваат сведоци“, кажа Русковска.

За тоа како ќе продолжи истрагата од таму каде што застанала, Русковска рече дека тоа зависи од колешката Смаќовска.

„Не можам сега точно да кажам, бидејќи колешката Смаќовска полека влегува во предметот и се запознава со доказите досега прибрани, како и со изјавите на сведоците. Што ќе одлучиме после тоа ќе видиме“, рече Русковска.

Инаку, обвинителката Лиле Стефанова, во сведочењето за случајот „Рекет”, истакна дека меѓу лица кој вршеле притисок за случајот „Империја”, е и судијката Добрила Кацарска. Според Стефанова, судијката Кацарска, преку друго лице се распрашала за овој предмет.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кацарска за сведочењето на Стефанова на судењето за „Рекет“: Згрозена сум, размислувам за тужба!

Бизнисменот Цветан Панделески ја демантира Стефанова: Немам грчка лична карта и имот во странство

„Судски ниски страсти“: Твитер реакции за Јанева, Стефанова, „Рекет“, „ороспија“ и „мачето“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните кои се сликале во МРТВ или Пролет, за готови пасоши ќе добијат СМС пораки

Редакција

Поради болест на еден од обвинетите судењето за „Софтвери“ одложено за 29 ноември

Редакција

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник

Редакција