еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Обезбедените видеа и аудио снимки се само за двајцата осомничени во „Рекет“, оставката на Катица во лош тајминг

Обезбедените видеа и аудио-материјали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24.

Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.

– Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина неможам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која наоска може да не одведе истрагата, вели Рускоска.

На прашање дали не е исклучена можноста истрагата да се прошири не само на политичари, туку и на обвинители зависно од тоа што ќе се открие, Русковска одговара потврдно додавајќи дека „апсолутно не е исклучена можноста, но тоа е само можност“.

Рускоска во интервјуто вели дека кај второосомничениот е пронајдена поголема количина оружје и ќе се истражува дали го поседува со дозвола или без.

Потенцира дека во претресот на првоосомничениот и второосомничениот се одземени електронски уреди, како и еден мобилен телефон од еден јавен обвинител, но оти се уште не е извршено вештачење на нитуи еден од нив.

Обвинителката Русковска смета дека последниот случај не треба да сго нарушува угледот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) затоа што, како што вели, таму има многу добри обвинители и јавноста треба да има доверба во нив.

На прашањето за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Русковска вели дека оставката е во лош тајминг.

-Некако мислам дека е избран лош тајминг за оставката. Сега за сега имаме некоја поврзаност на првоосомничениот со некој обвинител, но до каде е поврзаноста, дали навистина имало влијание, па во краен случај и земање пари, ние навистина како Јавно обвинителство немаме докази, сега, во овој момент. Така што инволвираноста на јавен обвинител во овој случај сега не можеме да ја докажеме, вели Русковска.

ТВ24/МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

(ВИДЕО) Се сретнаа пред Кривичен: Боки13 и рече на Русковска дека лаже

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразителен факт: Од 292 тестирани во „Орце Николов“ кои биле со скроз одличен успех, само 11 ученици покажале знаење за петка

Редакција

Хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарот кај Сарај, активен пожарот и во Прилеп

Редакција

Од Ковид-19 починаа 9 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција