Актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е избрана за заменик-претседател на СДСМ. Лукаревска е избрана со 682 гласа „за“ и два „против“, по предлог на партискиот лидер, Зоран Заев.
На новинарско прашање за неговата заменичка Лукаревска, претседателот на СДСМ, Зоран Заев напомена дека со нејзиниот избор СДСМ испраќа силна и недвосмислена порака дека гради човечки капацитет, но ја запазува и родовата еднаквост, дека ги вреднува младоста и квалитетот.
„Уверен сум дека високата поддршка што ја доби Лукаревска ќе биде доволем мотив да одговори на предизвиците што ги носи партиската должност,“ потенцира лидерот на СДСМ.
Лукаревска доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција два мандата, од 2013 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две директорки на клиники Стефановиќ и Пејкова избрани во Извршниот одбор на СДСМ
МИА