еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД повтори дека подржува решавање на спорот со Бугарија надвор од пристапниот процес со ЕУ

САД ги поддржуваат сите напори на Европската Унија и на нејзините земји-членки да им помогнат на Северна Македонија и Бугарија полесно да постигнат решение, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали Вашингтон ја поддржува понудата на Австрија да посредува меѓу двете држави во решавање на проблемот.

-Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија.

Убедени сме дека Бугарија и Северна Македонија ќе го направат истото преку преговарање на нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ.

САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји-членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат, вели портпаролот на Стејт департментот.

Тој, исто така, додава дека САД се силни поддржувачи на кандидатурите за членство во ЕУ на сите аспиранти од Западен Балкан.

-Веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во регионот, наведува портпаролот на Стејт департментот.

Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер при вчерашната посета на Скопје понуди Австрија да посредува во преговорите меѓу С Македонија и Бугарија со цел да се отстрани бугарското вето, и земјата да може да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раздвојувањето на Македонија и Албанија може да биде ризично и треба да се спречи, порача австриската министерка Едштадлер

Ако нема договор со Бугарија, ќе мора да размислуваме за раздвојување на Македонија и Албанија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Според неа, би било голема грешка доколку билатералните конфликти и нерешени историски прашања бидат причина државата да не ги почне преговорите за влез во Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска потврди: Македонија ги исполнува копенхашките критериуми за старт на преговорите со ЕУ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ѓоргиевска во новогодишно интервју за „еМагазин“: Кога дел од себе ќе дадам на општеството, се чувствувам подобро

Силвана Жежова

За нас е прифталив секој мандатар кој ќе го предложи СДСМ, се надеваме на соработка со Алтернатива и на локално ниво, вели Груби

Редакција

Албанија ја поправи грешката, „северномакедонци“ во пописот станаа Македонци

Редакција