Според податоците објавени на веб страната на Државната изборна комисија (ДИК) најголема излезност до 17 часот на денешниот референдум има во општина Сарај каде што излегле 54,21% од граѓаните со право на глас.
По неа следуваат општина Липково со излезност од 41,56 и скопската Општина Центар со 40,67%.
Следуваат Арачиново со 38,30, скопски Карпош со 38,11, скопски Чаир 36,16, Крушево со 35,98, Дојран 35,69%…
Најмала излезност има во општината Ново Село каде што излегле 13,80% од граѓаните со право на гласи и општина Илинден со 14,47%.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.