еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Најголемите 10 лаги на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018

За антинародното и антизападно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, 2018 беше година на лажни вести, немање став, деструкција и блокади на иднината на Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.

„Редовно се ширеа невистини од луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.Од хиперпродукцијата на лаги и море од невистини пласирани на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година како најголеми се издвојуваат:

1.ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника помеѓу граѓаните дека низ цела Македонија ќе се градат бегалски кампови. Денес, на прагот на 2019 година, бегалски кампови нема.

2.ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека ќе се укинуваат евтините летови за граѓаните. Евтините летови постојат и денес, а обезбедени се и нови дополнителни релации од аеродромот во Скопје и Охрид

3.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се загрози и уништи македонскиот идентитет, јазикот и посебноста. Тоа не само што не се случи, туку македонскиот идентитет, јазик и посебност се дополнително зајакнати.

4.Лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ од преамбулата на Уставот. Со уставните измени кои се во завршна фаза се потврдува дека АСНОМ и одлуките на АСНОМ се зацврстени, обезбеден е историскиот континуитет на државноста.

5.Антинародното ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника дека драстично ќе поскапи лебот и ќе се зголеми сиромаштијата. Тоа не се случи. До денес ниту еден голем производител ја нема покачено цената на лебот.

6.Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ ширеа лажна паника меѓу граѓаните дека акцизата за горивата ќе влијае на зголемена инфлација и ќе има ценовни шокови, што се разбира не се случи. Инфалцијата е во нормалните граници а цените се стабилни, односно нема никакви ценовни шокови и поскапувања. Платите растат, се зголемува социјалната помош.

7.Лажеше ВМРО-ДПМНЕ и за наводно поскапување на електричната енергија, што секако не се случи. Останува фактот дека единствено покачување на цената на струјата од 100 проценти се случи за време на ВМРО-ДПМНЕ, а како прв човек на ЕЛЕМ Мицкоски сноси одговорност и за тоа.

8.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски лажеа дека се зголемува јавниот долг. И покрај тоа што се враќа огромниот долг што го остави криминалната ВМРО-ДПМНЕ долгот се намалува, од 48,8 отсто од БДП колку што изнесувал во септември 2016, на 48,2 колку што изнесуваше во септември оваа година.

9.Мицкоски лажеше дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на неговиот ментор Никола Груевски а потоа се увиде дека неговиот ангажман ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.

10.Неспособниот Мицкоски лажеше и за неговите хидроцентрали и бизнисот што го добил од Груевски. Се покажа дека земјиштето за хидроцентралите го добил токму во време кога бил советник на Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче

Редакција

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Редакција

ДИК: 496.774 граѓани или 35,13 отсто гласале до 17 часот

Редакција