„Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмалдокот на сопствената партија, се вели во реакцијата на СДСМ за обвинувањата од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на Годишната конференција на подмладокот.
„Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски.Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија.
Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот.Македонија живееше во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО…денес Македонија е на сигурна шина кон иднината и цврсто чекори кон НАТО и ЕУ, кон интеграција.
Црнила се тепњето на студентите од страна на режимот, експериментите во образованието и потценувањето на младите. Денеска младите се партнери на добрите политики, слободни, со јасна перспектива на земја која чекори кон иднина, кон НАТО и ЕУ.
Црнилата се 11 години намерно осиромашување на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицковски, додека сега од ден на ден се намалува сиромаштијата и парите се враќаат назад кај граѓаните.
Црнилата беа малтретирањата на граѓаните и фирмите, „пиштење-вриштење„ со нарачни
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски пред подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ: Годината што изминува не е успешна, посегнаа по најсветото