еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ објави 16 кандидати за градоначалници: Кои се новите 12 имиња

СДСМ ги соопшти имињата на 16 кандидати за градоначалници, од кои 12 се нови, а четири актуелни градоначалници во општините.

Нови кандидати, меѓудругото, ќе има во Аеродром каде во трка за градоначалник ќе биде Александар Филиповски, дипломиран економист, поранешен пратеник, менаџер на повеќе компании, во Карпош каде наместо актуелниот градоначалник кандидат е Душко Весковски, актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје, и во Прилеп каде кандидат на СДСМ ќе биде Горан Сугарески.

„По спроведените истражувања внатре во органите на партијата и со сите консултации со 82.000 членови на партијата, Извршниот одбор продолжи со носење на одлуките и утврди дополнителни 16 кандидати за градоначалници од СДСМ. Имаме утврден и сигурен победник во Градот Скопје.

Во Прилеп, Горан Сугарески, добро познат за јавноста и во јавноста, со висок углед помеѓу прилепчани, дипломиран правник, министер, директор на Царинската управа. Убедливо кандидат со највисок рејтинг.

Сашо Велковски во Свети Николе, магистер по економски науки. Во Карпош каде што СДСМ е сигурен победник, Душко Весковски, актуелен директор на Водовод Скопје. Во Тетово со д-р Хемди Алезмовиќ, успешен во својата област, нов член на Извршниот одбор од Тетово.

Во Општина Аеродром од СДСМ е Александар Филиповски, дипломиран економист, поранешен пратеник, менаџер на повеќе компании во Галичник, во Скопје, во Аеродром,“ информираше на денешната прес-конференција, шефот на изборниот штаб и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во Сопиште, кандидат на СДСМ ќе биде Сашо Стојановски, дипломиран правник, досегашен претседател на општинската организација и актуелен советник во Сопиште, во Јегуновце актуелниот градоначалник Дарко Блажевски, во Кавадарци, Горан Тодоров, дипломиран инженер по индустриска логистика, претседател на ОО во Кавадарци, во Кратово, Влатко Бојковски, еден од најмладите кандидати на СДСМ, дипломиран инженер по информатика, а во Чешиново-Облешево актуелниот градоначалник Горан Крстев Грга.

Како што соопшти Николовски, во Зрновци кандидат на СДСМ ќе биде Виктор Ангелов, дипломиран машински инженер, во Илинден бизнисменот Александар Тодоровски, во Демир Хисар новиот кандидат м-р по биотехнички науки Стевче Митровски, а нов кандидат ќе има и во Ново Село – Ѕвонко Анѓелов.

Со нов кандидат СДСМ ќе оди на избори во Велес, каде во трката ќе се вклучи д-р Ненад Коциќ, актуелен пратеник, а во Брвеница со д-р Мирко Стојановски, кој е актуелен градоначалник.

Николовски нагласи и дека се уште не е договорен кандидат за Струмица, иако се споменува името на партискиот портпарол Костадин Костадинов.

За актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој нема да биде кандидат за втор мандат, Николовски појасни дека ќе биде назначен на некоја функција во извршната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Берово, Гази Баба, Могила, Неготино и Ранковце

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разговорите со Генчовска создадоа предуслови за интензивирање во наредните денови и изнаоѓање решение, вели Османи

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува 15 лица

Редакција

Вкупно 1.225 заразени од корона вирусот: Потврдени 18 нови случаи, половина од нив во Куманово

Редакција