еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Процедурата при гласањето на Законот за ЈО беше кристално чиста

Законот за јавно обвинителство е донесен согласно сите процедури и согласно Деловникот за работа, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција во Собранието.

– Процедурата при изјаснувањето беше кристално чиста. Постои пракса во Собранието, кога системот нема да регистрира одреден глас и тогаш на пријава на пратеникот чиј глас не е регистиран, се оди на повторно гласање. Такви примери сме имале многупати во Собранието, а ако навистина ВМРО-ДПМНЕ не верува дека имаме 80 пратеници, можеа да бараат поединечно гласање, рече Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за ЈО

Бети Канческа не гласаше за Законот за јавно обвинителство

Со изгласувањето на Законот, според Костадинов, победила правдата, а Собранието покажало дека е за правна држава, владење на правото и одговорност за сите.

– Извршителот Мицковски не успеа во намерата да го блокира Законот за јавно обвинителство. Собранието со 80-те пратеници „за“ покажа дека е за европска идннина на нашата држаа. За нас е од огромно значење дека само шест пратеници се изјаснија против Законот за ЈО. Законот за ЈО кое Собранието го усвои, гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат разрешница, рече Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молк од ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе ја замени разрешената министерка Мизрахи?

Додаде дека СДСМ денеска ќе гласа и за распуштање на Собранието за да се оди на предвремени избори на 12 април. Ја повика ВМРО-ДПМНЕ да достави предлог за нов министер за труд и социјална политика по разрешувањето на Рашела Мизрахи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 288 оздравени од Ковид-19

Редакција

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Редакција

Дали Кики и Фрики присуствуваа на ЦО на СДСМ

Редакција