Албанскиот премиер Еди Рама по заедничката седницата на владите на Албанија и Косово во Пеќ за идејата за корекција на границите на Косово изјави дека иднината треба да се согледува на јасен начин.
„За мене ниту една идеја не треба да се се исклучи и се треба да се гледа со очите на иднината: Албанците не треба да живеат разделени. Тие треба да се обединат како еден народ со две држави кои сакаат да живеат без граници едни со други“, изјаваи Рама.
Тој рече дека е магаре секој кој го нарекува предавник косовскиот претседател Хашим Тачи, чија е идејата за корекција на границите.
Косово и Албанија потпишаа низа меѓусебни договори со кои се бришат царините и се укинува роамингот.
Инаку, дел од меѓународната заедница дава поддршка на идејата со корекција на границите да се реши косовскиот проблем со Србија, што би значело и забрзување на евроатлантските интеграции за двете земји.
Сега, се наметнува прашањето дали доколку дојде до корекција на границите тоа може да предизвика домино ефект со оглед на тоа што во делови од Македонија и Грција живее албанска популација.
Фото:Фејсбук/Рамуш Харадинај