еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Факти за мајмунските сипаници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави факти за вирусот на мајмунски сипаници.

Мајмунските сипаници се предизвикани од истоимениот “вирус на мајмунски сипаници”, припадник на родот на Orthopoxvirus од фамилијата Poxviridae.

Мајмунските сипаници се вирусна зоонозна болест која се јавува првенствено во областите на тропските прашуми во Централна и Западна Африка и повремено се пренесува во други региони.

Мајмунските сипаници сe манифестираат клинички типично, со треска, исип и отечени лимфни јазли и може да доведе до низа медицински компликации.

Мајмунските сипаници обично се самоограничувачка болест, со симптоми кои траат од 2 до 4 недели.

Може да се манифестираат и со тешка клиничка форма. Во последно време, смртноста е околу 3-6%.

Мајмунските сипаници се пренесуваат на луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно или со предмети контаминирани со вирусот.

Вирусот на мајмунски сипаници се пренесува од едно на друго лице преку близок контакт со оштетена кожа, слузокожа, телесни течности, респираторни капки и контаминирани материјали како што е постелнината.

Клиничката презентација на мајмунските сипаници наликува на големи сипаници, инфекција која беше прогласена за искоренета ширум светот во 1980 година.

Вакцините користени за време на програмата за искоренување на големите сипаници, исто така, обезбедуваат заштита од мајмунски сипаници. Развиени се и понови вакцини, од кои една е одобрена за превенција од мајмунските сипаници.

Антивирусно средство кое претходно е развиено за третман на големите сипаници, исто така е лиценцирано за третман и на мајмунските сипаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Знаци, симптоми и стапка на смртност од мајмунските сипаници

„Mајмунски“ обид за повторен страв кај населението, слободно планирајте си летни одмори, вели Беќаровски за „мајмунските сипаници“

Д-р Пановски: Мајмунските сипаници не заслужуваат внимание, за разлика од вариола вера не предизвикуваат смрт

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 10 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.581

Редакција

Груевски ја потврди автентичноста на „бомбите“ со Камчев: Снимките покажуваат дека немам врска со „Плацеви на Водно“

Редакција

Телма, Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М се обединија во ММА Медиуми

Редакција