еМагазин
Image default
Македонија

Седницата за одземање на мандатот на Груевски и за избор на нови министри, по 7 јуни

Од 7 јуни па натаму би можело да се одржи првата наредна седница на Собранието на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, а доколку стаса предлог од премиерот и да се изберат нови министри.

Ова го најави денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери на средба со новинарите. Од формален аспект нема пречки двете точки да бидат ставени на иста седница.

Џафери оцени дека Извештајот на ЕК за напредокот нотирал дека се што е побарано од нас сме направиле и оти како што кажа Могерини, сега на ред е Европската комисија.

Во однос на Законот за јавното обвинителство, претседателот на Парламентот вели дека партиите се уште разговараат и оти би можело да биде донесен до крајот на јули дури и да биде поднесен во редовна постапка.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По два месеци продолжува судењето за „Титаник 3”

Редакција

(ВИДЕО) Снимка од надзорна камера покажува колку беше силен земјотресот во Битола

Редакција

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување

Редакција