еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Семејната династија продолжува: Кој е Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалници, СДСМ 9, во вториот битката ја продолжуваат во 25 општини

Кој е Алија Јаоски

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Пласница, Алија Јаоски повторно победи на Локалните избори.

Интересно е што со изборот на Јаоски за градоначалник, граѓаните од Општина Пласница повторно му дадоа доверба на едно семејство, кое со години наназад ја води локалната самоуправа во овој крај.

Имено, Алија е брат на Исмаил Јаоски, кој беше неколку пати беше избиран за градоначалник на Општина Пласница, по што стана пратеник во Собранието.

Исмаил е познат и по тоа што во 1993 година го основал претпријатието „Пуцко петрол“, кое на јавноста и стана препознатливо како едно од најголемите добитници на државни тендери за набавка на нафтени деривати. Сега неговиот бизнис го води неговиот син, Асмир.

Податоци од Централниот регистар, покажуваат дека и Алија своевремено бил дел од компанијата „Пуцко Петрол“.

Алија поседува погон за преработка на дрво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Марко Колев, новиот градоначалник на Велес

Кој е Дарко Костовски, новиот градоначалник на скопски Бутел

Кој е Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип

Фото: Фејсбук/Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со големо мнозинство германскиот Бундестаг изгласа почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ

Редакција

(Видео) Претставничката за Евровизија, Андреа го фрли македонското знаме за да се фотографира, па се извини

Редакција

Министерството за правда: Барање за екстрадиција за Груевски, ако биде потврдено дека избегал во Унгарија

Редакција