еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос, Аданом Гебрејесус, предупреди дека најлошото допрва доаѓа во врска со пандемијата на новиот коронавирус.

Предупредувањето доаѓа во време кога голем број земји низ целиот свет почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата.

Тој не прецизираше зошто верува дека пандемијата, од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум светот и однесе животи на повеќе од 166.000 луѓе, би можела да се влоши.

Сепак, некои веќе укажаа на идно ширење на заразата во Африка, каде здравствените системи се помалку развиени.

Шефот на СЗО потсети дека пред еден век, шпанскиот грип однел животи на 100 милиони луѓе ширум светот.

„Но, сега ја имаме технологијата, можеме да избегнеме таква катастрофа, можеме да спречиме таков вид криза“, рече тој.

„Верувајте ми. Најлошото е се уште пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Тоа е вирус што многу луѓе се уште не го разбираат“, предупреди тој.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: За потеклото на коронавирусот – сите докази упатуваат на лилјаци

Убава вест: 224 излекувани од коронавирусот во Македонија, нов раст

Од коронавирусот почина маж од Лабуништа на 70 годишна возраст

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лидерите во предвремена кампања: Заев на шах во Тетово, Мицкоски на слава во Љубанци

Редакција

Владата склучи договор со „Бапал Благој“ вреден 3,3 милиони евра

Редакција

Во Македонија молк за провокацијата со картата на Санстефанска Бугарија која ја објави Каракачанов

Редакција