Прмеиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски како да беа договорени со остра реторика да му возврратат на вицепремиерот за безбедност, министерот за одбрана во Владата на Бугарија и лидер на бугарската ВМРО-НД, Красимир Каракачанов, кој упати предупредување дека Македонија може да се прости од ЕУ и од НАТО доколку продолжи со злоупотребувањето на македонскиот јазик.
Каракачанов, но и други функционери од Бугарија кои ги оспоруваат постоењето на македонскиот јазик и нација пред Втората светска војна и кои велат дека тука отсекогаш живееле Бугари кои заборуваат бугарски дијалект добија шлаканица и од власта и од опозицијата во Македонија.
„Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право, тоа е европска вредност, одговори премиерот Зоран Заев по острите напади од Каракачанов, но и на пораките од Екатерина Захариева, бугарската министерка за надворешни работи.
Заев очекува навистина европските вредности да бидат прифатени од сите.
И во Македонија и во Бугарија се уште постојат сили кои не им мислат добро на односите помеѓу соседите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните изјави на Каракачанов.
„Постои основано сомнение за поткуп за издавање на бугарски пасоши, во неговата земја. Па така овој квази патриотски набој и крик на господинот Каракачанов е во функција на таа политика“, изјави Мицкоски.
Ваквиот идентичен став на власта и опозицијата е убава слика за промена и да се надеваме дека кога станува збор за националните интереси се почесто ќе можеме да ја видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев до Каракачанов: Мое право е да бидам Македонец и да зборувам македонски јазик
Фото: Фејсбук/Каракачанов