Во грчкиот Парламент денеска продолжува расправата за доверба на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Финалето на расправата е денеска, најдоцна до полноќ, до кога треба да се случи гласањето.
Сириза на Ципрас има 145 пратеници, но работите се искомплицираа откако неговиот коалционен партнер, министерот за обрана Панос Каменос излезе од Владата.
Сепак од Владата уверуваат дека имаат минимум 151 гласа за да ја добијат довербата, а подршка на Ципрас се очекува да му дадат независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци и поранешниот пратеник од Река, Спирос Данелис.
Во грчкиот Парламент има 300 пратеници, а за да Владата добие доверба потребни се најмалку 151 гласа.
Доколку пак дополнително се искомплицираат работите, што не се очекува, и Владата на Ципрас не ја добие потребната доверба, тоа ќе значи предвремени парламентарни избори во Грција и судбината на Договорот од Преспа, кој е ратификуван во македонското Собрание, ќе стане неизвесна.
Тоа пред се ќе биде голем пораз за меѓународната заедница, пред се на ЕУ и САД, кои застанаа зад Договорот, а секако и за Балканот и Македонија и Грција, која може да биде изолирана.
Со месеци опозиционата Нова демократија води на сите можни анкети, така да ретко кој во Грција има дилема дека следната Влада во Грција ќе ја прави Киријакос Мицотакис, кој неколку пати повтори дека не го признава Договорот и дека ќе бара нов.
Доколку се случи таква сценaраио, што е малку веројатно, се што беше изгласано во Македонија, нема да важи.
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите можни сценарија: Ќе се ратификува ли Договорот од Преспа во Грција