Лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика признанието на македонскиот преставник за Евровизија, Васил Гарванлиев дека имал и бугарски пасош.
Очекувано стана топ тема и во бугарските медиуми, а доби и подршка од тамошни политичари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Гарванлиев се извини: Ако повредив некого нека ми прости
Јавноста претходно се „возбуди“ и за спотот за песната со која ќе не преставува на Евровизија поради кадри со инсталација која наликува на бугарското знаме. Не сите поверуваа дека тоа е случаен пропуст, а и не сите поверуваа дека и неговото признание за бугарскиот пасош е случајност, иако интервјуто во кое го вели тоа е најверојатно направено лани, кога исто така беше наш преставник, но како што е познато Евровизија не се одржа.
Бројни учесници на овој европски музички натпревар низ годините имале двојни државјанства и ако Гарванлиев беше наш преставник пред неколку години кога со Бугарија имавме нормални и солидни односи, немаше да има реакции како што има денеска, пред се поради ветото кое и го стави Бугарија на Македонија на нејзиниот пат до Европската Унија, но и поради бројните ненормални барања и навреди кажи речи на дневна основа, од нашиот источен сосед.
Најдобро знае што можеби го чека Гарванлиев, неговата колешка Тамара Тодевска, нашата претходна преставничка на Евровизија. Откако случајно или не, ја згреши македонската химна, стана предмет на бројни критики во јавноста и на социјалните мрежи и по се изгледа вечно ќе и се памети оваа грешка, иако неколку пати се извини и дури истетовира стих од македонската химна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) „Here I stand“: Објавена песната со која Македонија ќе учествува на Евровизија
Фото: Промо