еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силјановска не му честита на Пендаровски: Бројките говорат за пораз, но не се чувствувам поразена

Кандидатот за претседател поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова синоќа на прес-конференцијата во седиштето на опозициската партија по објавувањето на првичните резултати од изборите го призна поразот, но не му честита отворено на победата на нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски.

Таа нагласи оти е доволно што го признала поразот и оти после се што се случувало на дебатите во текот на кампањата не треба од неа да се очекува со восхит да му се обрати. Нагласува дека не станува збор за недостиг на политичка култура и оти во Македонија се уште владее поданичка култура.

-Бројките говорат за пораз. Обично поразените не се чувствуваат добро, но јас не сум се чувствувала посмирено, побогато и попродуховено, рече Силјановска и од срце им се заблагодари на сите нејзини поддржувачи, а особено на граѓаните нагласувајќи оти добила невидено разбирање и голема енергија од граѓаните.

-Денеска денот ми личеше на Вивалди, на четирите годишни времиња. Утрото почна со дожд, денот помина низ сите четири годишни времиња за да на крајот да заврши како пролет. Верувам дека за мене нема зима, рече Силанвоска.

Како успех го означи тоа што на изборите освоила 375.000 гласови. За тоа изрази голема благодарност и додаде дека не била мала работа за две недели меѓу двата изборни круга да добие плус 50.000 гласови.

Истакна дека е свесна оти победил противкандидатот, но не се чувствува дека таа како личност нешто загубила.

Силјановска во долгиот говор по првичните резултати говореше за политичката состојба во Македонија, нагласувајќи дека според неа политиката во Македонија се уште не е уметност.

Политиката во Македонија, според Силјановска, е во рацете на политичките партии. Додаде дека партиите одлучуваат најмногу и пред се како ќе отидат гласовите, а не самите граѓани.

-Дали овој резултат води кон помирување и означува поделби во државата по повеќе основи, рече Силјановска и додаде по овие избори ништо повеќе нема да биде исто во земјава и дека зборовите кои биле искажани во телевизиските дебати ќе останат како водилки за позицијата, но и за опозицијата.

Повторно се осврна на името и отворено кажа дека новото име Република Северна Македонија не и се допаѓа, но додаде дека тоа име не им се допаднало на граѓаните и не го поддржале на референдумот.

Истакна оти постои можност новото име наместо да интегрира да направи нови поделби во Македонија, на оние на кои не им се бендисува и на оние на кои им се допаѓа.

Според Силјановска, на овие претседателски избори победила партитократијата наместо демократијата.

Уште додаде дека смета дека резултатите од изборите говорат за делигитимирање на оваа власт и нагласи оти сериозно треба да се размислува за предвремени парламентарни  избори.

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петличковски: Треба да се подготвиме за на есен, можно е враќање на рестриктивните мерки

Редакција

(Галерија) Како во бајка: Како изгледа Охрид новогодишно

Редакција

Усвоени законски измени за укинување на прогресивното оданочување и даночење камати од заштеди

Редакција