еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите 21 протерани руски дипломати од Македонија се занимаваа со шпионажа, тврди Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски вели дека сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа било докажано. Според него, тие биле со статус на дипломати, а се занимавале со шпионажа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е рускиот свештеник, кој е протеран од Македонија

„Односите меѓу нас и Руската Федерација се на најниско ниво во историјата од познати причини. Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа.

Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО-алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи, тие не беа дипломати и заради тоа беа протерани“, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин

На прашањето за реципрочните мерки што Руската Федерација ги најави кон Македонија, Пендаровски вели дека е логично тоа да се случи, но нагласува дека земјава немала друг избор освен да побара дипломатите да си одат.

„Сите служби кои се надлежни за тие работи кај нас, и онаа за надворешно разузнавање и онаа за внатрешно, имаат заеднички извештај во однос на активности на тие тројца дипломати и одлуката на државниот врв беше немионовна, нема тука избор, нема опција.

Премногу е јасно дека тие не се бавеле со дипломатски активности онака како што предвидуваат Виенските конвенции“, изјави Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник и уште двајца црковни службеници

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации

Редакција

(Видео) “Славејот“ Ајдин Османовиќ кој ни ги стопли срцата ќе има концерт во Македонија

Редакција

Трет ден по ред: Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје

Редакција