еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Моловите се отворија, каков ќе биде протоколот за работа

По одлуката за отворање на моловите, Владата објави протокол по кој моловите ќе работат.

Тие ќе имаат ограничено односно скратено работно време од 10 до 18 часот, а ќе бидат затворени во недела.

Влезот на лица во затворениот продажен центар ќе биде регулиран од страна на овластено лице, да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на пет метри квадратни.

Лицата над 65 години ќе бидат ограничени односно ќе можат да пазаруваат до 12 часот. 

Вработените задолжително треба да носат заштитни маски и ракавици, а купувачите само заштитни маски. Помеѓу купувачите и продавачите треба да има физичко растојание до два метри.

Поставени на јасно видливи места, треба да бидат едукативно-информативните материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) купувачите треба да се информираат за почитување на овие превентивни мерки.

Во продолжение Ви ги пренесуваме другите правила од протоколот:

-Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач.

-Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи.

-Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете.

– Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека.

–  Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри помеѓу касите во редот.

–  Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри меѓу купувачите.

– Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Jumbo во Скопје почна со работа

Веро центар отворен за посетители, Jumbo продолжува со работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог

Редакција

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Кирацовски: Kај Пауновски ми се допаѓаше токму пркосот на принципиелна, аргументирана основа

Редакција

Каков имот пријавил разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

Редакција