Владата го објави протоколот за вршење меѓуградски превоз.
Содржината од проколот Ви ја пренесуваме во целост:
Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот.
На автобуските станици да се означат/обележат точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.
Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата).
За 50% намалување на капацитет на патници во возилото односно секое второ седиште е празно.
Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).
Означување на правецот на движење на патници во автобусот.
Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.
Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.
Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата.
Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.
По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА