Панчо и Андреј од ДНК ќе бидат позицинирани од 20 до 22 часот во Трговскиот центар Бисер (Аеродром) пред централните скали (до Силбо), каде што ќе собираат парични средства кои му се потребни на Леонид за понатамошно успешно лекување.
Ќе донесат цедиња од нивниот нов албум кои ќе можете да ги купите и со тоа да донирате за Лео.
„Веднаш по хуманитарниот настан, собраните средства ќе бидат предадени на неговите родители. Цедињата ќе немаат цена, секој ќе може да земе и остави онолку колку што може и сака.
Секое купено цеде ќе биде потпишано од нас и ито така ќе бидеме достапни за маалски муебет, дружење и по некоја фотка,“ се вели во апелот објавен од ДНК.
Броеви за донации Телеком (143 118) А1 (143 500).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/ДНК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.