еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Обезбедени се 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување на крв, информираа од Институтот за трансфузиона медицина.

– Во оваа установа е изготвен и протокол за дарување на плазма. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат искористувајќи секаков начин и тоа преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со директно јавување, а во последно време и преку социјалните мрежи, само да даруваат и да помагат на нашите пациенти.

Овој здравствен предизвик не сплоти и соедини сите нас, за да го победиме вирусот. Министерството за здравство следејќи ги најновите достигнувања на третман на пациенти со Ковид-19, даде согласност за да се воведе протоколот за дарување на конвалесцентна плазма и секојдневно ја поддржува кампањата за дарување на плазма, изјави директорот на Институтот, Седула Усеини.

Дарител може да биде секое лице излечено од коронавирусот кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот.

Лицето треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирусот.

Понатаму, машки дарители или женски дарители кои не раѓале или се негативни на HLA антитела.

Исто така, ќе биде земен и примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.

Постапката за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот.

Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години, со телесна тежина поголема од 60 килограми и кое ги исполнува наведените критериуми.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.

Да даруваме крвна плазма. Да бидеме хумани и да спасиме човечки животи, соопшти Министерството за здравство.

Формулар за донор на Ковид-19 ковалесцентна плазма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето плати во март

Редакција

Денеска само 11 новозаболени од Ковид-19, но и мал број на тестирања 450

Редакција

(Галерија) Дебар Маало осветлено во чест на Горан Стефановски: „Искрата што се измолкнува“ од неговиот есеј да ни биде светлина

Редакција