еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Смислена стратегија е отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња, вели Малинка Ристевска-Јорданова

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика во вестите на „Сител“ изјави дека отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња е смислена стратегија.

„Отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња е провокација и смислена стратегија од бугарска страна кои тие ја користат постојано“, вели таа.

Ристевска-Јорданова смета дека треба да се реагира поладно и порача дека во иднина мора мудро да се постапува.

„Ако забележите во извештаите повеќето од работите се од забележување од страна на Брисел и тоа е сместено во делот на слобода на здружувањето. Веќе постојат правила кои треба да бидат образложени и мудро треба да се постапува во иднина, но тоа треба да се направи на европски начин“, кажа таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ беше отворен за да биде оштетен

Со мотика била искршена таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Без осуда од ЕУ за бугарските клубови со контроверзни имиња, евроамбасадорот Гир не сака да толкува историја

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постапка за Ленче Ристоска по нејзините критики за влијание во Советот на јавни обвинители

Редакција

Мицкоски бара електронски попис или одложување за пролета 2022 година

Редакција

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, кој е осомничен за злоупотреба на позицијата генерален секретар на Владата

Редакција